Свет

Цената на нафтата 100 долари за барел

Цената на нафтата се искачи над 100 долари за барел во вторникот, пред состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта и сојузниците (OPEC+), јавуваат медиумите во регионот.

Цената на барел нафта на лондонскиот пазар порасна за 31 цент во однос на претходниот ден, на 100,34 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по 40 центи повисока цена, по 94,29 долари, пренесува SEEbiz.

Денеска ќе се одржи состанокот на ОПЕК + во кој е и Русија. Два од осумте извори рекоа дека ќе се разговара за скромно зголемување на производството, додека останатите велат дека зголемувањето е малку веројатно.

„Овој пат имаме многу поголема неизвесност. Одлуката од оваа недела ќе покаже колку групата сè уште е обединета“, рече брокерскиот аналитичар на OANDA, Крег Ерлам.

Дополнителна загриженост на пазарот предизвикува посетата на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси, на Тајван, со можна ескалација на тензиите меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Кина

извор: макфакс

Препорачуваме:

(Видео) Милитантите фрлија гранати кон пакистанската берза во Карачи

Сузана Мицева

Македонцеот Вања Јосифовски стана технички директор на Airbnb

Кој е најмоќниот пасош во светот?

Ѓ. K.