Свет

Бугарските власти ќе ги презентираат резултатите од инспекцијата на автопатот по трагичната несреќа на „Струма“

Министерката за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова, нареди увид на патната делница меѓу Драгичево и Горна Дикања. Увидот е по констатираните проблеми во патната инфраструктура, кои можеле да придонесат за фаталната несреќа на „Струма“, пренесуваат бугарските медиуми.

Некои од нив со најава дека министерката Комитова денеска треба да ги презентира првичните резултати од увидот на патната делница во која животот го загубија 45 лица.

Медиумите пренесуваат дека обележувањето на автопатот „Струма“ може да биде причина за трагичната несреќа.

Според новинарските записи по трагичниот инцидент, голем број експерти рекоа дека локацијата е спорна бидејќи патот не бил поправен по неговото пуштање во употреба во 2007 година.

Меѓу забелешките на експертите се посочуваат обележувањето на патот, кое не е завршено, и заштитните огради, кои не се заменети според новите правила, некои од нив ја споменуваат и поголемата дозволена брзина, која не одговара на условите на патот.

Препорачуваме:

Најпознатиот терорист на светот се согласи да ја предаде ИСИС

Г7: Русија се соочува со огромни економски последици доколку ја нападне Украина

Албанија ги укинува ограничувањата за Ковид-19

Сузана Мицева