Македонија

Брзи антиген тестови на охридскиот аеродром

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ патниците ќе можат да направат брзи Ковид-19 тестови. Услугата ќе се реализира преку соработка на „ТАВ Македонија“ и Клиниката „Жан Митрев“.

Нејзината лабораторија за генетика и персонализирана медицина, што ќе врши брзи антигенски тестови.

Пунктот за тестирање се наоѓа во непосредна близина на влезот на терминалната зграда.

Ќе работи секој ден кога ќе има летови до земјите што бараат негативен брз антигенски тест и тоа четири часа пред времето на поаѓање до секоја од дестинациите.

– Во моментов, на охридскиот аеродром, во пунктот за COVID-19 тестирање на Жан Митрев, можат да се направат брзи антигенски тестови и брзи PCR-тестови, одобрени од СЗО.

За сите други Ковид-19 тестови, ги повикуваме патниците да го направат тоа во овластена лабораторија пред да пристигнат на аеродромот, се наведува во соопштението од „ТАВ Македонија“.

Препорачуваме:

Вештачка интелигенција симулираше како би изгледале македонските градови во Disney филм

Ѓ. K.

МТСП: Градинките ќе продолжат со згрижувачката дејност и во време на штрајк

Сузана Мицева

Семејно насилство во Гостивар