• Fri. May 10th, 2024

Боро Џони сака да биде училиште и за средно музичко образование

Основното музичко училиште во Струмица, Боро Џони, претендира да порасне и во средно музичко училиште. Оваа информација ја потврди и директорката на училиштето, Клара Вета-Патарова, која рече дека во моментов се изготвува елаборат што ќе се поднесе пред надлежните инситуции.

Музичкото училиште во Струмица е познато како расадник на таленти. Од него поризлегле голем број познати и признати музичари во земјава, но и пошироко.

Еден од најпознатите белези на училиштето последниве десетина години е Концертот под маски што се одржува за време на карневалските случувања во Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *