• Sun. May 19th, 2024

Најавена блокада на патот Струмица-Радовиш

Денеска со почетокот во 13:00 часот ќе биде блокиран патниот правец Струмица-Радовиш кај Василево. Така најави поранешниот амбасадор Ивица Боцевски од синоќешниот протест против францускиот предело за кревање на бугарското вето за македонските евроинтеграции

„Блокадите ќе почнат во 13:00 часот, ќе ја блокираме цела Македонија додека нашите храбри пратеници се борат во Собранието за нашите интереси за одбрана на македонскиот јазик, народ и држава“ – кажа Боцевски, потенцирајќи дека нема повлекување од барањата.

Организаторите на протестите „Ултиматум – НЕ, благодарам“ најавија дека освен на патот Струмица-Радовиш блокади ќе има на четири места од 13:00 до 14:00 часот: во Скопје пред Владата, на магистралниот пат Штип – Велес и Плетвар – Прилеп

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *