Тројца повредени во сообраќајка кај Дабиље

Тројца возачи се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 23:10 часот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село, во близина на село Дабиље.

МВР информира дека во несречата учествувале три автомобили: „Фолксваген поло“ со италијанска национална ознака, управуван од В.А.(52) од село Еднокуќево, струмичко,  „Ауди а3“ управувано од М.М.(31) од Струмица и „Фиат типо” управуван од М.К.(52) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки.

-Во несреќата возачите В.А. и М.М. се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот М.К. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, информира МВР.

Увид извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Related posts

7 години од смртта на музичката легенда Зоран Маџиров

Општина Струмица одржа свеченост по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

На 10 и 11 мај Свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка