Струмица поразена од холандскиот првак во квалификациите за ЛШ

Холандскиот првак, Динамо Апелдорн, ги совлада струмичани со 3-0, во првиот меч од првото квалификациско коло во ЛШ. Македонскиот претставник беше конкурентен само во првиот сет, кој го загуби со 25-20, меѓутоа одржуваше резултатски контакт накде до 16-15.

Преостанатите два сета беа лесен плен за Холанѓаните, ги освоија со 25-13 и 25-16. Реваншот е во Струмица, на 27 септември, но мисијата на македонскиот шампион ќе биде тешко остварлива. Победникот од овој двомеч во втората рунда ќе се сретне со Бенфика.

Related posts

Денеска предвелигденски Брера Струмица во Турново со штипска Брегалница за нова победа и опстанок

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига