Се слави Курбан Бајрам

Се слави Курбан Бајрам од страна на верниците од исламска вероисповед. Со утринската молитва сабах-намаз, верниците од исламската вероисповед го започнаа тридневното одбележување на празникот Курбан Бајрам, преку кој муслиманите почитта кон Алах ја искажуваат преку колење курбан. Со овој празник се крунусива аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој според верниците е доказ за солидарност и благосостојба. Утрово на молитва беа и верниците од Градашорци. Ја посетија локалната џамија и заедно со оџата се молеа за мир и благосостојба.

Веднаш по завршувањето на молитвата тие беа послужени со локум а празникот им го честиташе и првиот човек на општината Ванчо Стојанов кој донираше прехрамбени артикли за верниците. Кога се слави Курбан Барјам секогаш е дополнителен повод муслиманите да извршуваат добри дела. Традиционално се оди на посета кај роднините и најблиските пријатели, при што се даваат дарови и се донира за сиромашните.

Related posts

Претставата „Види, летам!“ на 10 мај на малата сцена во „Антон Панов“ – Струмица

Фондација Елеуса го најавува вториот хуманитарен настан „Децата со љубов – Концерт на добрината“

Градоначалникот Костадинов го честиташе 7 Мај – Денот на македонската полиција