Попладне нестабилно со дожд и грмежи

Времето претпладне e сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивна нестабилност во форма на невреме со изолирана појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Од УХМР информираат дека наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Related posts

Доделени сертификати за „Негувател/ка за помош и нега на стари лица“

Панел дискусија на тема „Родова еднаквост на жените во спортот – можности и предизвици“ во Дојран

Здружение на пензионери Струмица започнува со подготовка за регионални спортски игри