Нова пречистителна станица-услов за чисто Дојранско Езеро

Пречистителната станица  е клучна за Дојранското Езеро да може да се смета заштитено од загадување. Ова е ставот на Центарот за јавно здравје Велес кој го мониторира квалитетот на водата во езерото. Специјалистот по здравствена екологија Снежана Петрова вели дека езерото се проверувасо земање примероци  од три локации кои годинава покажале дека водата е безбедна за капење, но, треба да се исполнат и други параметри заради долготрајна заштита на езерото.

Градоначалникот Ангов вели дека проблемот со колекторот и пречистителната станица ќе ги надминат во следниот период затоа што имаат пари за обнова на системот и почеток со градење на нова станица. Вели дека се свесни за предизивиците на Дојран кој преку лето има многукратно повеќе туристи отколку жтели во текот на цела година, со што градот е на работ со капацитетите.

Дојран добива и поддршка од Република Словенија за изработка на проекти и програми кои ќе помогнат за заштита и зачувување на езерото.

Related posts

УХМР: Променливо време со појава на локални врнежи и град

Се запалило патничко возило на регионалниот пат Струмица – Берово

Струмичанец со автомобил излетал од патот, тешко повреден сопатникот