Хрватска бара сезонски работници

Хрватска бара сезонски работници. И покрај големата неизвесност каква ќе биде оваа туристичка сезона. Сите поголеми туристички компании во Хрватска започнаа да бараат сезонски работници.

Оваа година новост е укинувањето на квотите за странски работници. Тоа практично ќе биде под знак прашалник до последната минута. Но подготовките за сезоната во однос на барање работници започнаа.

Ова беше потврдено за „Нови лист“ од Хрватската служба за вработување (ЦЕС). Таа во моментов ги интервјуира сите невработени лица за да ја испита нивната подготвеност за работа во текот на туристичката сезона.

„За жал, оваа година, поради епидемиолошките мерки, не сме во можност да организираме Денови на вработување во туризмот. Но, ќе им ја пружиме целата поддршка на работодавците за да им обезбедиме работници кои им се потребни“, велат од ЦЕС.

извор: Макфакс

Related posts

Што се случува со паричките кои туристите ги фрлаат во најпознатата фонтана во Рим?

Учителка од Србија не сака подарок за 8 Март: „Донирајте ги парите, јас имам сѐ“

(Видео) Познати јутубери разговараат за Александар Македонски: „Замисли, најпознатиот Грк во светот не е ни Грк