Денис Мустафов нов директор на струмичката библиотека

Струмичката библиотека „Благој Мучето“ има нов директор. По речиси две децении е сменето раководството на оваа установа. Денис Мустафов е новиот директор на библиотеката. Тој е вработен како информатичар во библитеката, а сега ќе раководи со неа.

Досега на чело на ОМБ „Благој Мучето“ беше Тања Гошева, која како што извести од лични причини се повлекува од функцијата и сега ќе раководи со роднокрајното одделение.

Related posts

Костадинов: Се реализираат повеќе проекти во населеното место Банско

Црвен крст и Доброволното противпожарно друштво Струмица потпишаа меморандум за соработка

Во месец мај упис на ученици во прво одделение за учебната 2024/25 година во сите општински основни училишта