Дечињата од „ЈОЈО“ ве поздравуваат

Постојано слушаме колку тешко го минуваат времето во карантин возрасните. Кои се нивните проблеми, стравови, недостатокот од  социјализација. Но, се чини многу помалку се помислува на децата. А тие, бездруго се најпогодени во целата новонастаната состојба. Наеднаш се прекина нивната секојдневна рутина, ги нема часовите, трчањето по улиците, игрите во дворовите. А пак, имаат еден куп обврски и една нова атмосфера што не е сосема неразбирлива за нив. 

Токму во вакво несигурно време, но секако време на надеж за посреќни денови, најмалите ни испраќаат пораки за среќа. Низ песна, низ насмевки. Ѕвездичките од ЈОЈО велат дека во секоја од нив тлее желба за среќен свет. Ви порачуваат да бидете дома, умни како што се тие. Бидете и вие ЈОЈО херои. Прекрасните пораки стигнуваат од нивните домови, целосната идеја и реализација е на тимот на ЈОЈО. 

Ова е седма година на ЈОЈО фестивалот. Фестивалот промовираше околу 80 песнички за деца.

Во оваа видео порака ни пеат: Тина Русева, Вања Лазарова, Јулија Ангелова, Рони Манчева, Викторија Колева, Зорица Ѓоргиева, Ива Спасова, Марија Панчурева, Теодора Сретеновиќ, Ангела Крстева, Анастасија Цамбулева, Александра Тошева, Драгана Костова, Славица Томова.

Related posts

Александра Јанева го промовираше новиот сингл „Одвреме навреме“, спотот го снимала сама со телефон и gimbal во Италија

Првиот македонски хорор филм „М“ на Вардан Тозија на 31 октомври во Струмица

Во недела во Подареш ќе се одржи четвртиот по ред Меѓународен фестивал „Есенски плодови“