73 години од Мајската офанзива

Во организација на Сојузот на борците на Македонија од НОАВМ и граѓани поддржувачи – Струмица и Општинската организација на резервните воени старешини на РМ – Струмица, денес беше одбележана 73 – годишнината од Мајската офанзива. Во рамките на одбележувањето, во Домот на АРМ, предавање на тема „Војната за природни стратегиски ресурси“ одржа проф. д-р Гоце Георгиев, а потоа на местото каде што се одвивала Мајската офанзива, кај месноста „Варници“, беше одржана пригодна програма и положено свежо цвеќе пред Спомен костурницата. На одбележувањето, меѓу другите присуствуваа и преживеани борци од неколку македонски градови, кои биле учесници во Мајската офанзива.
Како и секоја година, така и овој пат, одбележувањето беше поддржано од Општина Струмица.

Related posts

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години