511 слободни места во трите средни училишта во Струмица

По двете пријавувања и запишувања во месец јуни и едно пријавување во месец јули, во трите средни општински училишта останаа 511 слободни места.

Во тригодишното образование, во СОУУД „Димитар Влахов“ во земјоделско-ветеринарната струка, за образовниот профил поледелец нема пријавено ниту еден ученик, односно има 34 слободни места. Во хемиско-технолошката струка, за образовниот профил пекар, има 27 слободни места.
Во четиригодишното образование, во СОУУД „Димитар Влахов“ има 100 слободни места во образовните профили: агротехничар, техничар за фитомедицина, техничар за агроменаџмент и прехранбен техничар.
Во СОУ „Јане Сандански“ има 135 слободни места, а во СОУ „Никола Карев“ има 212 слободни места.
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 26 август 2019 година за што доставуваат доказна документација.

Related posts

7 години од смртта на музичката легенда Зоран Маџиров

Општина Струмица одржа свеченост по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

На 10 и 11 мај Свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка