18то издание „Отворени забавни фудбалски школи“ во Струмица

Денеска во Струмица беше отворено 18то издание на спортската манифестација „Отворени забавни фудбалски школи“ што се одржува во салата на СОУ „Димитар Влахов“.

На манифестацијата чествуваат шеесетина момчиња и девојчиња, членови на фудбалските клубови „Академија Пандев“, „Беласица“, „Тиверија“ и „Мак Струмица“, како и женскиот клуб „Тиверија“.

Спортските игри за отворени ги прогласи, претседателот на Советот на Општина Струмица, Марјан Даскаловски, кој нагласи дека локалните власти 11 години ги финансираат ѓколите со буџетски средства, како, што рече, потврда за грижата кон најмладата популација и нејзиното здравје.

-Денес имате извонредна можност, преку забава да ги разоткривате убавините на „најважната споредна работа на светот“ – фудбалот. Разликите во полот, возраста и претходното фудбалско знаење, нема да ви претставуваат пречка, убаво да се дружите преку разни игри кои се поврзани со фудбалот. Другарувањето, стекнувањето нови пријателства, јакнењето на здравиот спортски дух и запознавањето со фудбалската игра,  се најважните бенефити кои ги носи овој проект, рече Даскаловски.

Нагласи дека Струмица и во иднина ќе биде домаќин на спортски манифестации.

-Наскоро не очекуваат уште три вакви настани, од кои еден до крајот на годинава и уште два напролет, на кои учество ќе земат ученици од основните училишта од нашата општина. Како Претседател на Советот, а пред се како поранешен фудбалер, сакам да ви честитам за вистинскиот избор на спортот со кој се занимавате и да ви посакам успех во следењето на вашиот сон, рече Даскаловски.

Related posts

УХМР: Променливо време со појава на локални врнежи и град

Се запалило патничко возило на регионалниот пат Струмица – Берово

Струмичанец со автомобил излетал од патот, тешко повреден сопатникот