13 загинати и 35 повредени во терористички напади во Брисел

Белгискиот главен град утрово е цел на терористички напади. По двете експлозии на аеродромот во Брисел, во меѓувреме агенциите јавуваат и за експлозии во метро станицата Малбек, во непосредна близина на институциите на ЕУ. Според белгискиот јавен сервис ВРТ, експлозијата на аеродромот била самоубиствен бомбашки напад. Белгиските власти прогласија терористичка опасност од највисоко ниво, изјави министерот за внатрешни работи Јан Јамбон. Зголемената опасност од четврто ниво важи на целата територија на земјата.Сите метро линии во Брисел во меѓувреме се целосно затворени.Претходно, две експлозии одекнаа на аеродромот во Брисел. Според белгиските медиуми, загинале најмалку 13 лица, а над 35 се повредени. Експлозиите одекнале во салата за заминување. Очевидци тврдат дека пред детонацијата слушнале истрели и луѓе кои извикуваат на арапски.„Беше ужасно. Кровот падна. Имаше крв насекаде, повредени луѓе, торби насекаде“, вели Зак Музун, кој требало да лета за Женева.

Related posts

Што се случува со паричките кои туристите ги фрлаат во најпознатата фонтана во Рим?

Учителка од Србија не сака подарок за 8 Март: „Донирајте ги парите, јас имам сѐ“

(Видео) Познати јутубери разговараат за Александар Македонски: „Замисли, најпознатиот Грк во светот не е ни Грк