120 ветерани од цела Европа,се натпреваруваа во спортска ориентација во Струмица

Благодарение на одличната организација на претходните големи натпреварувања во спортска ориентација од страна на ОК Еделвајс од Струмица, Европската федерација во спортска ориентација реализираше дел од трките од т.н. Медитерански Куп и во Македонија односно во градот Струмица и Суви Лаки. Станува збор за Медитерански Куп што се реализира по 12 пат а ова година во Грција Македонија и Бугарија. Натпреварувањето во Македонија се одржува во Струмица и локалитетот Суви лаки на Огражден.

Околу 120 натпреварувачи пред се ветерани учествуваа на спринт трката која беше во градот почнувајки од спортската сала Парк завршувајки на плоштадот. На овој Куп во Македонија учествуваа членови од 15 држави вклучувајки ги и водечките од скандинавскиот полуостров. Според информациите на ова натпреарување во Струмица учествуваат и поранешни европски и светски шампиони во спортска ориентација. Купот во Струмица го организираше ОК Еделвајс од Струмица.

Related posts

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција

Девојчињата од ЖФК Тиверија добија Дипломи за учинокот од минатиот месец

ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле е државен првак во футсал за основни училишта во машка конкуренција