Ќе се печатат нови картички две во едно,лична карта и здравствена книшка

Министерството за здравство со најави дека е можно распишување тендер за избор на фирма која ќе печати нови електронски здравствени картички (ЕЗК), поради тоа што на поголем број од граѓаните картичките им се неважечки, а дел ги немаат добиено.
Голем дел од граѓаните на регионот немаат ЕЗК, но некои заглавија со месеци чекајки да се распише тендер за повторно печатење на картичките.

Од раководството на ФЗО во Струмица немаме никакви информации месеци наназад каква е состојбата со бројката на картичките,бидејќи раководителот неможел да дава информација на медиумите без дозвола од погорното раководство.
Најавите на министерот за здравство Таравери се дека планирале да воведат нов систем,односно три во едно, лична карта, возачка и здравствена картичка во едно. Но, од МВР ме информираа дека технички е возможно заедно да бидат само лична карта и здравствена картичка. Од ресорното минстерство најавија дека сепак тоа ќе биде процес кој ќе трае во наредните две до три години. а дотогаш ќе мора да се печатат нови картички. За сега нема детални информации кога ќе се почне со печатење на новите картички две во едно.

Related posts

7 години од смртта на музичката легенда Зоран Маџиров

Општина Струмица одржа свеченост по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

На 10 и 11 мај Свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка