Ќе бидат ли лубениците ова лето ,,солени,, – во Колешино се бара килограм повеќе

Во струмичко Колешино, кое е најголемиот производител на лубеници во земјава, бербата е во полн ек. Во зависност од квалитетот, откупната цена се движи од 6 до 8 денари за килограм, со тенденција таа да се зголеми. Земјоделците тврдат дека откупната цена одговара после неколку сушни откупни години , но за жал количините се преполовени што поради намалените засеани површини што од климатските промени. Велат дека поради ниските откупни цени од лани многу малку земјоделци се одлучиле да одгледуваат бостан.
Од струмичко Колешино секој ден се откупуваат по околу 200 до 250 тони лубеници. Тие се извезуваат најмногу во Чешка и во Босна, а побарувачката доаѓа и од Бугарија, Романија, Белорусија. Трговците велат дека можно е откупната ценана лубениците да се зголеми бидејки во Грција производството привршува а во Бугарија и Србија допрва се очекува да почне.

Related posts

7 години од смртта на музичката легенда Зоран Маџиров

Општина Струмица одржа свеченост по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

На 10 и 11 мај Свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка