Јанош Лазар: САД сака да ја наполни Европа со муслимански бегалци

Американскиот претседател Барак Обама и САД поддржуваат илегалната миграција во Европа, бидејќи сакаат да го наполнат континентот со муслимани, изјави денеска Јанош Лазар, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Не многу одамна, кога беше на посета во Европа, претседателот Обама јасно ја изрази поддршката и важноста на миграцијата, доселувањето па дури и присилното населување, изјави Лазар.

– Обама и Америка следат многу силна политика за поддршка на миграцијата, на нелегалната миграција, со цел да има што повеќе муслимани во Европа, додаде Лазар.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест изјави дека не е запознаен со коментарите на Лазар, и истакна: Не сум сигурен дека заслужуваат одговор.

Related posts

Што се случува со паричките кои туристите ги фрлаат во најпознатата фонтана во Рим?

Учителка од Србија не сака подарок за 8 Март: „Донирајте ги парите, јас имам сѐ“

(Видео) Познати јутубери разговараат за Александар Македонски: „Замисли, најпознатиот Грк во светот не е ни Грк