Јаневски: Карневалџиите ги зближуваат народите и ги рушат бариерите

Традиционално и оваа година, пред почетокот на маскенбалот, се одржа карневалско дружење на гостите од странство со претставниците на карневалските групи од Струмица. Срдечно добредојде, од негово лично име и од името на граѓаните на Струмица им посака градоначалникот Коста Јаневски и им порача да се чуствуваат како дома и да поминат убави и незаборавни мигови во овие карневалски денови.

-Ви посакувам убаво да се забавувате на оваа вечерашна забава, која е специјално организирана за Вас, а утре како претставници на Вашите земји и градови, да блеснете во полн сјај на големиот Струмички карневал. Истовремено ја користам можноста да ви се заблагодарам на пријателската соработка што ја имате со Струмица и за тоа што ќе го збогатите нашиот карневал. Карневалџиите знаат најдобро, како се рушат бариерите и како се бришат границите меѓу земјите и народите. Убеден сум дека Вие тоа и овој пат ќе го докажете. Забавувајте се и танцувајте во универзалниот ритам на карневалот и станете побогати за нови пријателства, рече Јаневски.

Related posts

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години