Штрајк во Актор, два месеца не зеле плата

Продолжува штрајкот за неисплатените плати на градежните работници во грчки Актор. И денеска вработените се собраа пред седиштето на компанијата во Демир Капија и бараа фирмата итно да ги подмири обврските кон нив. Неисплатени им се две плати, и велат дека нема да се појавуваат на работното место, на делницата Смоквица-Демир Капија, се’ додека не им се исполнат барањата.

Менаџерот ги убедувал да не се бунтуваат, дека ќе ги добијат парите, но работниците за празниците останале со празни џебови. Затоа, пак, тврдат вработените, нивните колеги кои доаѓаат од Грција, добиле пари во готово, во плик.

Пред две години опозициската СДСМ обвини дека од македонски банкарски сметки на грчката фирма Актор, незаконски биле извлечени 3,5 милиони евра. Јавното обвинителство тогаш не отвори истрага, но реќе дека ќе продолжат со постапка на прибирање докази.

Афера за грчки Актор потоа најави и лидерот на Сдсм, Заев, кој минатата година изјави дека токму оваа компанија е застапена и во бомбите. Овие материјали не ги објавија, туку заедно со останатите се предадоа на Специјалното јавно обвинителство. Оттаму засега нема информации за овој случај.

Изградбата на делницата Смоквица-Демир Капија е речиси при крај. Според слободни проценки на изведувачот, останува работа уште за неколку месеци. Делницата е долга 28 километри и чини околу 270 милиони евра. Оваа понуда не беше најниска на тендерот.

Related posts

Две лица загинаа, а едно е повредено во сообраќајка на магистралниот пат Радовиш–Штип

Излезе од печат новата книга на Митрополитот Струмички Наум – „Еден од нас“

УХМР: Променливо време со појава на локални врнежи и град