Шампионот Струмица лидерски и без пораз го заврши есенскиот дел од првенството

Шампионски без пораз и со неколку изгубени сета, одбојкарите на Струмица го завршија есенскиот дел од првенството во Првата одбојкарска лига на Македонија. Со својата игра есенва струмичани покажаа дека немаат конкуренција во машкото елитно натпреварување и беа најсилниот тим кој од минатата сезона ја брани двојната круна

Зад себе избраниците на Кире Ричлиев забележаа осум победи како на свој така и на  гостински терен и во моментов тие се на добар пат да ја потврдат својата доминација и во пролетниот дел од првенството

ОК Струмица овој шампионат го започна со финансиски проблеми но од управата на клубот најавија решавање во интерес на одбојката како спорт во Струмица

Related posts

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција

Девојчињата од ЖФК Тиверија добија Дипломи за учинокот од минатиот месец

ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле е државен првак во футсал за основни училишта во машка конкуренција