Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод 24. Мај – Денот на Сесловенските просветители

Во чест на Светите браќа Кирил и Методиј – мисионерите на христијанството,  изумителите на глаголицата и сејачите на семето на писменоста и културата меѓу словенските народи, денот на почетокот на нивната Моравска мисија – 24. Мај, го одбележуваме како Ден на Сесловенските просветители, но и Ден на просветните работници во нашава земја.                                                                                   

            Имајќи ја во предвид големината на овој ден, како и големината на просветителите и нивното грандиозно дело, Ви посакувам да бидете достојни следбеници на тоа дело, а во интерес на Вашите ученици. Вие ја имате најблагородната професија од која зависи сеопштиот развој и прогрес на нашето општество. Бидете горди на тоа и бидете на висината на задачите и предизвиците кои се наоѓаат пред Вас.           

            Нека Ви е честит и вековит Денот на Сесловенските просветители – Св. Кирил и Методиј и Денот на просветните работници.

Related posts

Ученици од основните и средните училишта на општински натпревар по прва помош

РЦСОО „Никола Карев“ Струмица го одбележа својот патрон

Гевгеличанка измамила Грк со 2000 евра, лажела дека е вработена во Царина