Центарот на заедницата на општина Струмица ќе го организира следниот Отворен ден со членови на Советот

Центарот на заедницата на општина Струмица планира да го организира следниот Отворен ден со членови на Советот на општина Струмица во текот на месец јуни. Целта на настанот е да се доближи работата на комисиите при Советот на општина Струмица до граѓаните, да се запознаат со нивната работа, но и да се овозможи граѓаните да се вклучат со свои предлози, како и во носењето одлуки на локалната самоуправа. Веруваме дека реализацијата на оваа активност ќе придонесе за зголемување на транспарентноста, учеството на граѓаните во работата на Општината и кон промоција на работата на Советот. Граѓаните би имале можност да даваат предлози и идеи до членовите на Советот на општината, а со тоа тие и одблизу ќе се запознаат со проблемите со кои граѓаните се соочуваат.
Оваа активност е во соработка со Советот на општина Струмица, а е дел од програмските активности на Центарот на заедницата на општина Струмица во рамки на проектот Институционална поддршка за 2017 г., финансиски овозможен од Фондација Отворено општество – Македонија.
Посетете го следниот линк: http://ccstrumica.mk/…/otvoren-den-so-chlenovi-na-sovetot-…/ и вклучете се во дискусијата.

Related posts

Костадинов: Се реализираат повеќе проекти во населеното место Банско

Црвен крст и Доброволното противпожарно друштво Струмица потпишаа меморандум за соработка

Во месец мај упис на ученици во прво одделение за учебната 2024/25 година во сите општински основни училишта