Хет трик на Балдовалиев за прва победа на Академија Пандев во Втора лига

Академија Пандев ја забележаа првата победа во Втората фудбалска лига на Македонија. Попладнево на стадионот Младост во Струмица ,, пандевци,, со головите на Зоран Балдовалиев го надиграа Влазерими со 3:0.  Своето голгетерско шоу Балдовалиев го најави во 35 минута по што домакините со резултат од 1:0 заминаа на одмор.  Искусниот ,,Балдо,, ефикасен беше и во 60 тата и во 68 мата минута за високи 3:0. Академија Пандев во првото коло ремизираше со Вардар во Неготино и со 4 бода по две кола е на втората позиција.

Хоризонт Турново дуелот со Тетекс ќе го одигра во вторник

 

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција