Фудбалерите на Беласица газат се пред себе, на 4 дуели постигнаа дури 23 гола

Фудбалерите на ,,Беласица,, со максимален ефект во четирите кола од третата фудбалска лига исток. Последен што падна пред струмичките сино бели е тимот на ,,Кит го,, од Пехчево и тоа со резултат од 6:1. Со ова фудбалерите на Беласица ја продолжуваат низата од ефикасни натпревари со многу голови. Натпреварот со гостите од Пехчево се одигра под рефлектори на стадионот ,,Младост,, што ретко се случува во македонскиот фудбал. Александар Марков беше двоен стрелец во победничката екипа на Беласица, додека во листата на стрелците се запишаа и Александар Василев, Јордан Серафимовски, Бобан Мариќ и Стефан Сулев.

Со ова последна победа ,,Беласица,, досега има постигнато дури 23 гола што значи по речиси 6 гола на секој натпревар и сигурно чекори кон Втората лига што е впрочем и абиција на клубот ова сезона

Во преостанатите дуели од четвртото коло од струмичките екипи Тиверија ремизираше со Рудар 2:2, Василево прретрпе пораз од Работник Џумајлија од 2:0, радовишка Плачковица го надигра Малеш со 4:0 а Конче Бирлик беше ,,сомелен,, од Овче Поле славеше со 15-1.

На врвот на табелата со 12 бода се наоѓа Беласица

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција