Фото – Училишниот спортски тим на ,,Никола Карев’’ од Струмица најуспешен меѓу средните училишта – одлучи Агенцијата за млади и спорт

Училишниот спортски клуб при СОУ,, Никола Карев’’ од Струмица е прогласен за најуспешен училишен тим на ниво на средни училишта во земјава. На манифестацијата ,,Избор на најдобри спортисти за 2017,, во организација на Агенцијата за млади и спорт во Скопје се додели награда и категоријата – Најуспешен спортски училишен тим од средните училишта а тоа признание замина за  СОУ,, Никола Карев,, од Струмица.

Во објаснувањето на признанието стои дека училишниот тим на ова средно училиште изминатата година постигна значителни  успеси на државните натпревари во организација на Федрацијата на училишни спортови  и преставува еден од најорганизираните  училишни спортски тимови во Македонија во кој свој придонес даваат и професорите по физичка култура.

Наградата ја прими директорот на  СОУ,, Никола Карев,, – Драго Јанков

Related posts

Денеска предвелигденски Брера Струмица во Турново со штипска Брегалница за нова победа и опстанок

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига