Фото – Радовиш гради пешачка патека до комплексот Св.Георги над Ораовица

Со средства од Агенцијата за рурален развој, општина Радовиш ги привршува активностите за изградба на пешачка патека до манастирскиот комплекс Св. Георги во населеното место Ораовица. Станува збор за пешачка патека во должина од 1700 метри кои во голема мера ќе го олесни пристапот до комплексот кој последниов период е доста посетен од верници и гости, кои уживаат во архитектурата на изградените манастири но и природните убавини над населеното место Ораовица. Деновиве се очекува целосно да биде заокружен овој проект кој ќе придонесе за развој на манастирскиот и селскиот туризам. Патеката која е поплочена со бекатон, ќе биде целосно осветелена а паралалено се работи и на поставување на урбана опрема како што се клупи за одмор, канти за отпад и летниковци. Просторот пред комплексот ќе биде и хориткултурно уреден со цел ова место да биде попривлечно за посетителите

,,Со изградбата на пешачката патека до манастирскиот комплекс се отвараат подобри услови за развој на туризмот и можноста за дополнителни инвестиции во овој предел кој изобилува со природни убавини,, тврдат од општината кои најавија дека до Велигден сите градежни активности поврзани со овој проект целосно ќе бидат завршени

Инаку манастирскиот комплекс Св. Георги е познат по Велигденските средби и фестивалот на народни игри кои секоја година се одржуваат за Велигден. Годинава се најавени ансамбли од државите од поранешна Југославија но и од соседна Бугарија. Велгиднеските средби во Ораовица започнуват на 30 ти април а завршуваат на 2 мај.

Related posts

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години

Општина Струмица одбележа 121 години од загинувањето на Гоце Делчев