Фото – Празник на одбојката во Струмица – Македонија Макс го доби првото дерби со Наковски Волеј

Полна сала, постојана подршка од трибините, одлична атмосфера и победа на поискусните. Ова е епилогот од првото женско одбојкарско градско дерби во Струмица кое го добија одбојкарките на Македонија Макс со 3:0 во сетови против помладиот тим Наковски Волеј (17:25, 19:25, 17:25)

Избраничките на Зоран Јанков  ја оправдаа улогата на фаворитки, но домаќинките – девојките од Наковски Волеј се покажаа достоинствен противник. Во одредени моменти имаа и водство во сетовите но немаа сили и искуство за освојување сет. Македонија Макс имаше постојано контрола како на играта така и на резултатот и со новата победа се проби на третата позиција во женската лига а Накоовски со една победа на 7 место.

Сепак публиката уживаше во атрактивни поени и надмудрувања на мрежата. На крај се радуваше Македонија Макс но по целиот амбиент двата тима покажаа празник на одбојката во Струмица кој го надополни и машкиот тим на Кире Ричлиев кој се врати со победа од 3:0 од Штип

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција