Фото-Медицинарите од Димитар Влахов со велгиденски подароци на струмичките пензионери

Средношколците од здравствените струки од СОУ ,, Димитар Влахов,, од Струмица за престојните Велигденски празници ги посетија струмичките пензионери кои се сместени во Домот на пензионерите и им подарија рачно изработени подароци. Иницијативата дошла од самите ученици вели професорката Емилија Котеска кои сакале да им ги разубават празниците на пензионерите кои живеат во Домот.  Станува збор за подароци кои медицинарите сами ги изработиле по предметите за практична настава  во духот на престојните Велигденски празници. Првиот човек на Здружението на пензионери Данче Даскаловска упати благодарност до средношколците од образвоните профили, медицински сестри, фармацевти и физиотерапевти со надеж дека соработката ќе продолжи и во иднина бидејки на пензионерите им е потребна контуинирана медицинска нега

Related posts

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години

Општина Струмица одбележа 121 години од загинувањето на Гоце Делчев

Две лица загинаа, а едно е повредено во сообраќајка на магистралниот пат Радовиш–Штип