Фото – Во Василево коњски трки, победникот Сречко го китеа со пари

Во општинскиот центар Василево во конкуренција на 20 тина јавачи, Џоче Цветков од Василево со коњот Сречко победија на годинашниве Ѓурѓовденски коњски трки, организира ни од семејството Митеви. Цветков со Сречко беа најбрзи како во елиминационите така и во финалната трка. Тие беа најбрзи меѓу сите јавачи на патеката во севкупна должина од 10 тина километри. Втор беше Сами Дурмишев од Иловица со коњот Чако а трет Никола Андонов со Ацо. За победата Сречко со ,, газдата,, Џоче добија парична награда и цветен венец

Ѓурговденските трки во Василево се одржуваат седум години по ред и станаа заштитен белег на ова општина. Јавачи од целиот југоисток со своите коњи тренираат за да го освојат победоносниот венец . Организаторот Панче Митев син на Добре Митев кој ја започна ова манифестација, изрази задоволство од годинашние трки

Трките со коњи во Василево станаа и своевидна атракција бидејки годинава истите ги следеа повеќе илјади посетители од целата држава

Related posts

Ученици од основните и средните училишта на општински натпревар по прва помош

РЦСОО „Никола Карев“ Струмица го одбележа својот патрон

Гевгеличанка измамила Грк со 2000 евра, лажела дека е вработена во Царина