Фото: Василевските ученици меѓу најбрзите, бронзени на Државното првенство

Учениците од ООУ ,, Гоце Делчев,, од Василево  предводени од професорот по физичко и здравствено воспитување Алма Хасанова, постигнаа високи резултати на последното Државно првенство во атлетика за основни училишта во Куманово.  Најголем успех постигнаа атлетичарите и тоа во штафетата 4×100 метри во машка конкуренција,  каде основците од Василево ја освоија бронзата а малку недостасуваше да се вратат и со сребро. Штафетата во состав Бојан Атанасов, Васко Иванов, Илија Попов и Васко Илиев , најпрво изборија пласман во финалната трка во ова дисциплина за да на крај низ целта да поминат како трети и ги освојат бронзените медали.

Учениците од ова училиште како што информираа од таму одлични резултати  постигнаа и на 600 метри во женска конкуренција каде Славица Стојанова беше шеста а шестото место го освои и Антонио Димитриев во скок во далечина.

  

Related posts

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција

Девојчињата од ЖФК Тиверија добија Дипломи за учинокот од минатиот месец

ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле е државен првак во футсал за основни училишта во машка конкуренција