Фатен струмичанец кој возел пијан со 2,34 промили алкохол

Денес (26.03.2023) година околу 09.50 часот на регионален пат Струмица-село Банско, поточно во село Куклиш, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица запреле патничко возило “голф” со струмички регистерски ознаки, управувано од 48 годишен стумичанец. При контрола над возачот извршена со алкомер “дрегер”, било утврдено дека возилото го управува со 2,34 промили алкохол во организмот. Возачот бил исклучен од сообраќај, а констатираниот прекршок бил соодветно санкциониран.

Related posts

Ученици од основните и средните училишта на општински натпревар по прва помош

РЦСОО „Никола Карев“ Струмица го одбележа својот патрон

Гевгеличанка измамила Грк со 2000 евра, лажела дека е вработена во Царина