Учениците од Струмица во глобалната иницијатива „Најголемиот глобален час-Секој оброк раскажува приказна“

Во рамките на проектот инициран од Министерството за образование и наука, во соработка со УНИЦЕФ, учениците и наставниците од основните училишта во општина Струмица, се вклучија во одржувањето на „Најголемиот глобален час“.

Предавањето се реализираше на одделенскиот час, со проект за глобалните цели за одржлив развој и промовирање и едукација на правилната исхрана на учениците од основните училишта.

Учениците имаа задача преку дијалог, соработка и истражување да дојдат до конкретни заклучоци за одржливоста на храната што ја јадат и пишуваа на тема „Секој оброк раскажува приказна“, разговараа за градењето на добри навики во исхраната и разменуваа мислења за нивните секојдневни искуства со начинот на исхрана.

Related posts

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години

Општина Струмица одбележа 121 години од загинувањето на Гоце Делчев