УХМР го најавува првиот топлотен бран. Температури и до 40-тиот степен

По врнежливото време и релативно свежите температури, Македонија престојните денови ќе влегува во портокалова фаза. Од утре според синоптичарите од УХМР постојано ќе се зголемуваат температурите а веќе викендов се очекува живата да се искачи и до 40 -тиот степен. Според Управата високите температури ќе потраат извесен период што ќе значи претпазливост до граѓаните.

Здравствените работници алармираат да се избегнува директно изложување на сонце посебно во периодот од 10 до 17 часот. Препорака има и до хронично болните кои ќе мора да се придружуваат до препораките од матичните лекари за редовно земање на терапијата.

Заштита е потребна и за земјоделските посеви. Агроекспертите предупредуваат за заштита и наводнување на засеаните земјоделски површини пред се на отворено бидејќи растенијата во моментов се во фаза на вегетација.

Related posts

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години

Општина Струмица одбележа 121 години од загинувањето на Гоце Делчев