Утре одбојкарски возбудувања – Струмица игра со Вардар, Виктори против Куманово, Наковски домаќин на Јанта

Богата одбојкарска понуда утре на спортските терени во Струмица. Сите одбојкарски прволигаши во машка и женска конкуренција од најодбојкарскиот град во земјава играат пред своја публика. Одбојкарскиот ден го отвараат актуелните шампиони – одбојкарите на Струмица кои со почеток во 13 часот го пречекуваат тимот на Вардар од Скопје. Станува збор за дуел во кој двата тима немаат претрпено пораз . Дербито од 6 коло од првата машка одбојкарска лига во салата Партизан ќе го судаат струмичката судиска двојка Симон Џинес и Јане Попов. 

Кај девојките први настапуваат одбојкарките на Македонија Макс кои оваа сезона се подмладени и играат речиси со пионерки. Тие во салата при ООУ Видое Подгорец со почеток во 14 часот играат со Пелистер од Битола и можност да ги освојат првите поени

Одбојкарките на Виктори Волеј со почеток во 16 часот во салата Партизан ќе бидат домакинки на Куманово. Ова ќе биде доста интересен натпревар бидејки и двата тима имаат по 4 победи и по два пораза.  Струмичанки ја имаат предноста од домашен терен и за нив ова ќе биде посериозен тест пред својата публика бидејки и кумановки атакуваат на висок пласаман оваа сезона

Слична ќе биде ситуацијата и во салата при СОУ ,,Димитар Влахов,, каде одбојкарките на Хари Наковски  го пречекуваат тимот на Јанта од Скопје.  Резултатски и двата тима имаат по 4 победи и два пораза но бодовно предноста е кај Јанта која има 12 наспроти Наковски волеј кој има 10 бода. Ова значи дека и овде ќе има возбудлив натпревар каде ќе одлучуваат нијанси и мотивацијата  

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција