Утре во гевгелискиот театар изложба на традиционални носии инастап на Ансамблот Македонија

Изложбата на фотографии од традиционални средини и носии кои се дел од книгата “Jugoslavien” од авторот Kurt Hielsher која беше поставена во Музејот на македонската борба во Скопје, сега достапна и за гевгелиската публика. Во организација на Дом на култура Гевгелија, истата ќе биде поставена во Народниот театар во Гевгелија. 
На свеченото отвapање кое е закажано за 15.04.2019 година, со почеток во 19:30 часот, осврт ќе даде продеканот на универзитетот Гоце Делчев Проф.д-р.Владимир Јаневски. Додека пак уметниците на Ансамблот МАКЕДОНИЈА ќе ја збогатат со изведба на вокален перформанс.

Related posts

Александра Јанева го промовираше новиот сингл „Одвреме навреме“, спотот го снимала сама со телефон и gimbal во Италија

Првиот македонски хорор филм „М“ на Вардан Тозија на 31 октомври во Струмица

Во недела во Подареш ќе се одржи четвртиот по ред Меѓународен фестивал „Есенски плодови“