„Употреба на Микро:бит за изработка на електронска корпа“ во ООУ „Сандо Масев“ Струмица

Во рамките на проектот „Училиште на 21-от век“ , во OOУ,,Сандо Масев’’Струмица  се одржа отворен час на тема

.

Во активностите на часот беа вклучени директорката, стручната служба, предметни наставници и ученици кои промовираа изработки со користење на микро:бит технологијата, меѓу кои дигитални корпи за е-отпадоци, вештини за критичко размислување и дигитална писменост.

-Одговорни наставници за целата таа активност беа Билјана Николова-информатика, Билјана Босиланова-физика, Снежана Стојкова-математика, Виолета Василева – Хемија и Ленче Цекова – Биологија. Со оваа активност тимот наставници ќе го претстави училиштето на четвртата Еду конференција во Струга. Во поединечна конкуренција, наставничката по информатика Билјана Николова ќе се претстави со изработка на постер на тема „Со микро:бит до спортски семафор“ како и самиот уред микро:бит спортски семафор, испрограмиран од учениците од 9-то одделение за време на часовите по програмирање, стои во писмената информација.

Related posts

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години