Унхцр загрижени поради инцидентите на јужната граница

Унхцр се загрижени за вчерашното насилство на границата помеѓу Грција и Македонија близу Идомени, како и за сцените со користење солзавец во големи размери. Според Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации тоа треба да биде така кај сите што се загрижени за одговорот на Европа на состојбата со бегалците и мигрантите.

Од Унхцр денеска соопштуваат дека многупати во изминативе месеци се случуваа тензии на различни европски граници, помеѓу безбедносните сили од една страна, и луѓето што бегаат од војна и на кои им треба помош од друга страна. Од канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Он, понатаму се наведува дека во таквите инциденти се повредуваа луѓе и се уништуваше имот, но и се нанесуваше штета на перцепциите за бегалците исто колку и на имиџот на Европа.
Во текот на изминатите денови, вниманието на медиумите и јавноста беше насочено кон начинот на спроведување на договорот помеѓу ЕУ и Турција на егејските острови и во Турција. Од ваквата ситуација се засегнати речиси 46.000 лица на грчкото копно коишто пристигнаа пред да стапи договорот во сила.

Во Идомени, околу 11.000 лица спијат веќе повеќе недели на отворено во тешки услови коишто ги поттикнуваат на безнадежност и очај.
Агенцијата УНХЦР изразува подготвеност да го поддржи доброволниот трансфер на лица кон центрите коишто ќе ги подигне грчката влада, заедно со потребните услуги за време на регистрацијата и процесирањето.

Во меѓувреме, во Идомени, УНХЦР заедно со грчката влада, грчките НВО и други партнери обезбедува храна, медицинска помош, помош за лицата со специфични потреби и превенција и одговор на сексуално и родово насилство, се наведува во писмената изјава на портпаролот на УНХЦР Адриан Едвардс.

Related posts

Црвен крст и Доброволното противпожарно друштво Струмица потпишаа меморандум за соработка

Во месец мај упис на ученици во прво одделение за учебната 2024/25 година во сите општински основни училишта

По повод Светскиот ден на џезот се одржа работилница за гитаристи во Europe House Струмица