Тренчовски – Беласица има блага предност оти има искусни играчи, но нема да се предадеме !

Академија Пандев во недела и гостува на Беласица. По првата победа на свој терен против Македонија ГП стратегот на ,,пандевци,, Југослав Тренчовски смета дека струмичките синобели ја имат фаворитската улога пред се поради домашниот терен но и искуството на повеќе играчи. Наспроти тоа тој има проблеми околу составот за неделното градско дерби

,,Беласица е благ фаворит за меѓусебниот натпревар. Според мене се во мала предност, бидејки играат на домашен терен а и искуството е на нивна страна. Имињата Балдовалиев, Милушев, Вујанац, Ташев доволно зборуваат колкаво проволигашко искуство имаат. За разлика од нив ние се соочуваме со мали проблеми. Костов и Мишов се надвор од тимот заради повреди, Стоилов и Иванов имаат вирус. Но ќе се обидеме да ги искористиме. Се надевам дека и Стојков ке стекне право за настам,, вели самокритички Југослав Тренчовски од Академија Пандев

Иако не се знае конечниот прв состав сепак тренерот смета дека во недела ќе има добар меч и неговите играчи ќе одигра дисциплинирано

,, Како и да е мора да прифатиме дека сме подготвени за натпреварот. Се надевам ќе одиграме дисциплинирано и без поголеми емоции ова се однесува пред се за младите играчи ки секако ќе добијат подршка од искусните Пандев, Стојков и Илиев. За победникот ќе одлучува моменталната инспирација и моменти на некои поединиц кој ќе го покаже својот талент. Посакувам полн стадион и љубителите  после натпреварот да заминат задоволни и да се зборува дека Струмица навистина заслужува вакво дерби кое треба да биде традиционално,, рече Тренчовски

 

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција