Тања Бошковиќ лауреат на 25 издание на ФКТ „Ристо Шишков“

Српската актерка Тања Бошкович се закити со признанието Ристо Шишков, единствената награда за високи актерски достигнувања што се доделува на Фестивалот за камерен театар во Струмица. Тричленото меѓународно жири на 25-то издание на Шишков, наградата на Бошковиќ и ја доделува за улогата на Марија Клаиќ во претставата „Солзите се во ред“ на Ѕвездара театар од Белград.

Наградата, златен медалјон со ликот на Шишков , ќе и’ биде врачена вечерва на затворањето на фестивалот.

Во чест на лауреатот ќе се одигра кабарето „За добри стари времиња“, во кое исто така настапува наградената Бошковиќ.

За време на петте фестивалски денови се одиграа 13 претстави, а во конкуренција за главната награда беа четириесетина актери.

Related posts

УХМР: Променливо време со појава на локални врнежи и град

Се запалило патничко возило на регионалниот пат Струмица – Берово

Струмичанец со автомобил излетал од патот, тешко повреден сопатникот