Танчо Пројковски стана помошник началник во Свр Струмица

Секторот за внатрешни работи Струмица доби помошник началник. Танчо Пројковски, од пред неколку дена почна да ја извршува оваа функција.

Од Свр ја потврдија информацијата, во струмичката полиција имало кадровски промени, но потенцираа дека Божинов останува на началничкото место, додека кадровската промена се однесува на помошник началник.

Инаку Пројковски досега работел како инспектор во отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје.

Related posts

Ученици од основните и средните училишта на општински натпревар по прва помош

РЦСОО „Никола Карев“ Струмица го одбележа својот патрон

Гевгеличанка измамила Грк со 2000 евра, лажела дека е вработена во Царина