Тамара и го донесе најдобриот евровизиски пласман на земјата

„Proud“ на нашата Тамара Тодевска ги направи горди Македонците во целиот свет. Вистинска победничка атмосфера владееше за време на гласањето на жирито од 41 земја, за време на кое Северна Македонија беше на врвот, а првиот дел од гласањето го заврши втора, веднаш зад Шведска.

Пресвртот се случи во вториот дел, по објавувањето на гласовите од телевоутингот, на кој нашата евровизиска песна доби 58 гласови, и по завршувањето на гласањето остана на осмата позиција, додека победник е Холандија.

Социјалните мрежи се преполни со поддршка и емотивни статуси во кои се искажува љубов и благодарност кон македонскиот евровизиски тим.

„Ти си морален победник“, „Горди“, „Никогаш не сме биле погорди“, се само дел од пораките кои што може да се прочитаат на Фејсбук и Твитер.

Тамара годинава го постигна нашиот историски евровизиски успех во секоја смисла.

Related posts

Александра Јанева го промовираше новиот сингл „Одвреме навреме“, спотот го снимала сама со телефон и gimbal во Италија

Првиот македонски хорор филм „М“ на Вардан Тозија на 31 октомври во Струмица

Во недела во Подареш ќе се одржи четвртиот по ред Меѓународен фестивал „Есенски плодови“