Струмичанки најбрзи на велосипед до врвот на Водно, злато за Кушовска, сребро за Дафева

Двете сестри од Струмица Цвета Кушовска и Ани Дафева освоија злато и сребро на велосипедската трка ,, Прв до врв,, што секоја година се одржува на Водно во Скопје. Станува збор за традиционален годишен настан во масовно натпреварување во планинско трчање и велосипедизам до врвот на Водно на кој зедоа учество околу 2000 натпреварувачи во машка и женска конкуренција.

Сестрите Кушовска и Дафева со своите велосипеди беа најбрзи на патеката до врвот на Водно во конкуренција на стотина натпреварувачки од целата држава кои зедоа учество на манифестацијата.

Прв до Врв 2016 е манифестација за сите љубители и подржувачи на спортот, природата и музиката а нстанот го организираше здружението за спорт и рекреација Прв до врв во соработка со градот Скопје и со подршка на деловната заедница

Related posts

Денеска предвелигденски Брера Струмица во Турново со штипска Брегалница за нова победа и опстанок

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига