Струмичани за генерален секретар на Влада и шеф на кабинет на премиерот Заев

Доц. д-р Драги Рашковски од Струмица инаку професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на денешната прва владина седница е именуван за генерален секретар на Владата на РМ.  Тој  е доцент на научната област воведни и теоретско-правни науки (право и информатичка технологија) и добитиник на повеќе награди

Д-р Драги Рашковски е и познат македонски иноватор. За неговата иновација „Електронска гласачка кабина“, Рашковски на Меѓународниот саем на иновации iENA2013, на кој учествуваа 700 патенти на иноватори од целиот све,т освои сребрен медал, а од Полската асоцијација на иноватори доби златна статуетка.Познат е и  иновативниот патент на професорот  Рашковски за спроведување на пописот „Систем и уреди за попис на население“, кој претставува интегрирано хардверско-софтверско решение коешто е структурирано на самостојна робусна хардверска единица која е отпорна на надворешни влијанија и е наменета за поставување на јавни места.

За шеф на кабинет на премиерот Зоран Заев е именувана Мирјана Јанева. Јанева доаѓа од општина Струмица и важи за човек од доверба на премиерот Заев, кој долго време беше градоначалник на Струмица.

Related posts

Претставата „Види, летам!“ на 10 мај на малата сцена во „Антон Панов“ – Струмица

Фондација Елеуса го најавува вториот хуманитарен настан „Децата со љубов – Концерт на добрината“

Градоначалникот Костадинов го честиташе 7 Мај – Денот на македонската полиција