Струмица ќе добие монографија во која ќе бидат опфатени сите сегмени од првата фаза од истражувањето на Цареви Кули

Во тек е втората фаза од истражувањето кое се врши на Цареви Кули .Во првата фаза беше откриена и Црквата во подножјето на Цареви кули била дел од урбаното јадро на средновековна Струмица, а според архитектурата, како и скромното сликарство, датирана е од периодот од крајот на XIII  и XIV век.

Со ископот се дефинираа димензиите на црквата, која била со должина од 10,20 метри и ширина 5,90 метри, а станува збор за еднокорабна црква.

Завод и музеј по завршувањето на првата фаза во догледно време ќе ја промовира и издаде монографијата во која ќе бидат опфатени сите резулатати добиени врз основа на истражувањето.Истата согласно процедурите ќе се издаде а истовремено и добие на значење по појавувањето во јавноста.

Цел на истражувањата, кои со поддршка на Министерството за култура ќе продолжат и оваа година, беше откривање на целосниот габарит на црквата и следење на фазите на нејзината изградба, како и откривање на просторните, архитектонските и културолошките карактеристики на објектот и утврдување на стратиграфските слоеви и хронологијата.

Related posts

На 10 мај по 14 пат ќе се одржи Фестивалот на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“

Костадинов: Со новата градежна офанзива се опфатени сите населени места

Изложба „Стаклена соба: Дигиталниот свет – стапица за вашите лични податоци“ во Europe House Струмица