Струмица славеше против Охрид и обезбеди прволигашки статус и за следната сезона

Кошаркарите на Струмица ја покажаа најдобрата игра во Плеј аут лигата и со победа над Охрид АВ се збогуваше од домашната публика. Победата од 79:71 не само што донесе радост кај пристуните туку и во клубот бидејки ја исполнија целта. Со ова победа на коло до крајот на плеј аут лигата,  КК Струмица обезбеди прволигашки статус и за следната сезона што значи дека и следната година во салата Парк ке има прволигашка кошарка.

Инаку вечерва Струмица и Охрид АВ прикажаа драматичен и неизвесен натпревар. Струмица со исклучок на воведните минути контуинирано ја имаше предноста додека гостите од Охрид контуинирано се закануваа. Победата беше императив за двата тима бидејки со неа остануваат во елитата. Но тоа им појде од рака на петорката од Струмица која го понесе најголемиот товар.

Богоев, Макенаџиев, Јокич, Брчков и Стефановски и довреме навреме Делипетров беа момците кои издржаа до крај не само во овој дуел туку и во целиот пролетен циклус на натпревари.  Во дуелот со Охрид најефикасен беше Брчков а свои блескави моменти по реализација имаа Макенаџиев, Богоев и Јокич. Следното коло Струмица ослободена од резултатски притисок му гостува на Пелистер во Битола

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција