Струмица може да биде домаќин на „Светскиот ученички куп“ наредната година

Струмица ја има можноста следната година да биде домаќин на Светски ученички куп, едукативен настан со натпреварувачки карактер кој обединува ученици од целит свет. Самиот натпревар се одвива во три круга, а овде би требало да биде првата регионална селекција на ученици.

Оваа покана следува по големиот успех на тимот на струмичката гимназија на преелиминарниот натпревар во Дубаи и полуфиналниот во Атина. Наскоро, тие треба да заминат во Сад, на универзитетот Јеил, каде ќе се одржи финалното натпреварување. За реализација на овој предизвик, учесниците имат потреба и од спонзорства.

Според Даниел Бердичевски, којшто е основач на органзиацијата, Струмица е одлично место за поврзување на нови учесници, земји и култура.

Датумот за организацијата на Светскиот ученички куп во Струмица не е утврден, но најверојатно би се одржал на почетокот на пролетта.

Related posts

На 10 мај по 14 пат ќе се одржи Фестивалот на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“

Костадинов: Со новата градежна офанзива се опфатени сите населени места

Изложба „Стаклена соба: Дигиталниот свет – стапица за вашите лични податоци“ во Europe House Струмица